fbpx

Заев: Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ, СДСМ носи сојузници, ВМРО-ДПМНЕ носи обнова на изолацијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Тоа се европски пари за европски стандарди дома, во нашата татковина.

Во изминатите три години покажавме дека со СДСМ, ЕУ и НАТО станаа реалност. Од другата страна, со ВМРО-ДПМНЕ возможна е само обнова на режимот.

Добро знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаа став за ниту едно прашање, важно за државата и граѓаните, дека бегаа од одговорност и постојано блокираа и кочеа. Мицкоски не собра храбрости ниту да даде аплауз на денот на ратификацијата на НАТО членството во македонското собрание.

И ден денес тие се закануваат дека ќе ја вратат државата чекор назад, назад во изолација, дека ќе го вратат назад режимот.

На 15 јули ќе ја потврдиме разликата.

Од едната страна е членството во НАТО,
од другата страна е белата барокна палата.

Од едната страна се Брисел и преговорите со ЕУ,
од другата страна се Хунзите, Белизе и Субрата Роj.

СДСМ нуди кадри кои земјата ја однесоа на прав пат,
ВМРО-ДПМНЕ ги нуди луѓето на Груевски.

СДСМ носи сојузници, ВМРО-ДПМНЕ нуди конфликт.

Со СДСМ е сигурно. Со ВМРО-ДПМНЕ е опасно!

Благодарам

Последни вести