fbpx

Венко Филипче доби силен мандат: Освоени 18.000 гласови – двојно повеќе од претходните избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со висока излезност од 76,5% и масовна поддршка од членовите, д-р Венко Филипче е реизбран за претседател на СДСМ. Тој освои 18.001 глас, речиси двојно повеќе од првите внатрепартиски избори, кога доби 9.026 гласови.

Претседателот на Централната изборна комисија на СДСМ, Бранко Георгиевски, на вечерашната прес конференција ги објави првичните резултати од одржаните директни внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ.

-Гласањето помина во најдобар ред. До Централната изборна комисија до овој момент немаше никакви забелешки за изборниот ден. Од 23.712 запишани гласачи вкупно гласаа 18.140 членови или 76,5% од активно регистрираните членови. За претседателот Венко Филипче гласот го дадоа 18.001, неважечки ливчиња се 139. Благодарам на сите членови на СДСМ кои излегоа на гласање а претходно активно се пријавија, благодараност до сите општински организации кои успешно ги спроведоа изборите и блгодарност до медиумите што покажаа интерес за следење на нашите избори. Благодарност до сите. Честитки за новоизбраниот претседател со 4 годишен мандат, Венко Филипче., рече Георгиевски.

Овие бројки и излезност се јасна порака за претседателот Филипче и актуелното раководство на партијата. Добриот резултат на внатрепартиските избори потврдува дека СДСМ е обединета и одлучно оди напред со силно лидерство и јасна визија. Овој резултат покажува СДСМ не само што се консолидира, туку се враќа како силна и организирана политичка сила.
СДСМ е единствената политичка партија во земјата што на директни, демократски избори го избира својот претседател. Во периодот што следи, под водство на Венко Филипче, СДСМ продолжува со трансформација на партијата, кадровско зајакнување и подготовка за локалните избори, со јасна цел: победа, промени и враќање на довербата кај граѓаните.

Последни вести