Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ
СДСМ: Министерство на хартија, без резултати, без план – ВМРО-ДПМНЕ ги изевери младите
Почитувани,
Помина една година откако ВМРО-ДПМНЕ најави формирање на Министерството за социјална политика, демографија и млади, наместо резултати – младите добија уште едно големо разочарување.
Наместо функционална институција што ќе ги слуша, ќе ги вклучува и ќе им служи, добија уште една нефункционална испостава на власта на ВМРО-ДПМНЕ.
Ништо од ветените промени. Ништо од системските решенија. Само бирократија, хаос и игнорирање на младите, нивните потреби.
Министерството не е ниту кадровски ниту програмски комплетирано, нема преземено ниту дел од законските надлежности, а нема ниту план за тоа што треба да прави.
Тоа е класична формула на ВМРО-ДПМНЕ: повеќе пари – помалку резултати.
Министерството е глуво за младите. Неосновани селективни процеси, нетранспарентност во избори на претставници, игнорирање на организациите кои ги застапуваат младите – тоа е реалноста денес.
Со оваа Влада, бројот на локални младински совети опаѓа. Стратегиите за млади – изостануваат. Младинските центри – заборавени. Законот за младинско учество – не се спроведува.
Ова не е само институционален застој – ова е намерно маргинализирање на младите. Ова е јасен доказ дека ВМРО-ДПМНЕ нема политичка волја за вистинско подобрување на младинските политики.
После една година власт на ВМРО-ДПМНЕ, младите во Македонија живеат потешко и полошо. Ги бројат парите од месец за месец и сè почесто го гледаат спасот надвор од државата.
СДММ се приклучува на барањата на младинскиот граѓански сектор и бараме продолжување на рокот најмалку до крајот на август, јавна промоција на повикот и структуриран дијалог со младинските организации.
Јавно повикуваме на итно преземање на надлежностите од Агенцијата за млади и спорт, согласно законските одредби, усвојување на сите неопходни подзаконски акти за имплементација на Законот за младинско учество и младински политики.
Активна поддршка и отпочнување на процесите за воспоставување на Националното собрание на млади и Националното советодавно тело.
Прекин на праксата на селективни, партиски и нетранспарентни процеси за номинација на младински претставници.
Младите не се статистика, младите не се алатка за ПР. Младите се иднината на оваа земја.
А таа иднина, со односот на оваа власт, се губи секој ден.