fbpx

СДСМ: Време е за промена во Куманово, за крај на криминалниот вилает на Максим Димитриевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово Мартин Костовски

Почитувани,

Куманово веќе со години наназад функционира како личен, криминален вилает на Максим Димитриевски.

Куманово стана алатка за задоволување лични и бизнис интереси. Наместо развој, проекти, резултати, граѓаните добија лаги.

Бројните скандали во изминатиот период го потврдуваат тоа:

-Кумовски шеми со парцели. Земјиште од семејството продадено на кумот, па препродадено на ЛИДЛ со профит од 350.000 евра.

-Шеми со станови. Стан во центар на Куманово од 97 квадрати за само 2.500 евра.

-Тендери делени на роднини, едниот гради, другиот го надгледува.

-И згора на се, повлечено обвинение против Димитриевски во последен момент.

Моментално, се прави предизборен поткуп во висина од 42 милиони денари, со бекатонитање по желба на градоначалникот, без никаква техничка документација и без подземна инфраструктура.

Ова во Куманово не е локална власт за народот, ова е локална власт за злоупотреби за лично богатење.

А за граѓаните на Куманово нема ништо. Нема гасификација. Нема нови водоводи за канализации. Нема капитални инвестиции од општината.

Се што е направено во Куманово, од реконструкцијата на школите, улици, патиштата инфраструктура , се е работа на Владата предводена од СДСМ.

Општината е со нула резултати. Само хаос, раскопани улици и празни ветувања.

Куманово заслужува повеќе. Куманово заслужува чесна, одговорна и развојна власт.

СДСМ ќе инсистира на целосни истраги за сите коруптивни шеми на Максим Димитриевски.

Куманово нема да биде жртва на кумски шеми и лични профити.

На 19 октомври, Куманово ќе каже доста е. Доста беше криминал и корупција. Доста беше богатење на грбот на народот.

Граѓаните ќе гласаат за промена, за крај на криминалниот вилает, ќе гласаат за чесна, транспарентна и развојна општина предводена од СДСМ.

Последни вести