Изјава за медиуми, Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
Лукаревска: Секој ден ново задолжување, ВМРО-ДПМНЕ повторно ги задолжува граѓаните
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно покажува неодговорност во управувањето со јавните финансии и секој ден ги задолжува граѓаните, реагираше пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната Комисија за финансирање на буџетот.
“Задолжување имаме за 94% завршен проект. Проектот за подобрување на основното образование, кој започна уште во април 2021 година, со предвиден рок за реализација до февруари 2026 година, според зборовите на заменик-министерот, досега е реализиран со 94,27%. Остануваат уште околу 5,7% од средствата што треба да се реализираат. И покрај тоа, денес сме сведоци на ново задолжување токму за тие преостанати 5,7%, со рок на отплата од 12 години и годишна каматна стапка од 18,5%. Ова е значително повисоко од претходниот рок на отплата од 11 години, кој важеше за првите 95% од реализираните средства, рече Таа потенцираше дека ова е уште еден доказ за недоследност во политиките на владејачкото мнозинство. Она што некогаш го критикуваа како опозиција, денес го промовираат како своја политика“, рече Лукаревска.
„Добро е што имаме продолжување на проектите што ги започна СДСМ. Но, парадоксот е очигледен, овој проект е иницијатива на претходната влада, која сегашната власт ја презема со ново задолжување без никаков јасен план како ќе се враќаат средствата. Она што некогаш беше предмет на жестоки критики, денес е прифатено и се промовира како успех. Се прашуваме дали има реална стратегија за враќање на овие задолжувања.“, додаде Лукаревска.
Таа потсети и дека во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ беа изградени 74 училишта за 10 години, додека под СДСМ, во пократок временски период, беа изградени и реновирани 80 училишни објекти.“
Таа исто така посочи дека владејачкото мнозинство, кое во минатото жестоко ја критикуваше СДСМ за задолжувањата, денес само иницира нови и нови задолжувања, не само преку унгарскиот кредит, туку и преку стратешкиот договор со Велика Британија, додека веќе е најавено и ново задолжување во висина од една милијарда евра.