fbpx

Само интервентен откуп е решение за лозарите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Хаосот со откупот на грозјето во Тиквешијата продолжува. Револтот на лозарите расте. Решенија нема.

Безсрамното парадирање на претставниците на министерството за земјоделство, претставници на лозарите и градоначалниците од тиквешкиот регион, не го реши проблемот со откупот на грозјето.

Напротив, револтот е уште поголем и сето тоа е резултат на погрешните политики кои што во изминатите години ги водеа Владата и министерот Цветков. Тие ја уништуваат егзистенцијата на лозарите и нивните семејства.

Селективното повикување на лозарите во доцните часови во неделата, единствено покажува слабост и немање идеи за решавање на овој проблем.

Нашите барања се јасни. Потребни се системски мерки, а не паушални мерки што ќе се носат преку ноќ и не се во интерес на лозарите.

Владата согласно Законот за земјоделство и рурален развој можеше да донесе одлука за интервентен откуп со која ќе се овозможеше стабилизација на пазарот и зголемување нацените.

Со тоа вистински ќе се решеа проблемите на лозарите.

Дополнителен заменик министер
за земјоделство, шумарство и водостопанство
Љупчо Николовски

 

Последни вести