fbpx

Филипче: Работиме на документ за национален консензус, Европската интеграција не смее да биде жртва на дневната политика

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: Работиме на документ за национален консензус, Европската интеграција не смее да биде жртва на дневната политика

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најавува дека до крајот на неделата ќе биде готова работна верзија на декларацијата за национален консензус за европската интеграција. На денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја истакна суштината на овој чекор и испрати јасна порака до јавноста и политичките чинители:

„Кога станува збор за националните интереси, кога станува збор за врвните државни интереси, и стратегиска цел на нашата земја, тоа е Европската унија, тука ниту јас лично ниту сметаме дека тоа треба да е предмет на прекупување во дневната политика, не калкулираме, нема итроштини, не правиме никакви трикови.“

Тој порача дека очекува одговорен пристап од сите политички партии:

„Сметам дека доколку и ВМРО-ДПМНЕ и премиерот имаат ваков сериозен пристап кон темата, а не гледам причината да немаат, тогаш сметам дека ќе најдеме решение.“
Филипче подвлече дека се работи на инклузивен и транспарентен процес:

„Документот се изработува, до крајот на неделата, верувам дека ќе имаме една работна верзија, ќе го прикажеме на многу чинители – на сите политички партии, на нашите стратешки партнери, на јавноста, на новинарите, нека даде мислење и експертската јавност, поради тоа што сметам дека со иднината на граѓаните не треба да калкулираме.“

Во однос на грижите во јавноста, Филипче истакна:

„Јас ја разбирам грижата на граѓаните, а тоа меѓу другото и на некој начин и го изразија за време на минатото годишните избори… и сметам дека таа грижа на граѓаните не треба да ја ставиме по страна.“

„Во ниту еден документ не се загрозени ниту националните интереси, ниту е направено некакво предавство“, нагласи тој, и додаде дека е време за јасна дефиниција на заедничките позиции:

„Мора сите политички чинители да седнат заедно на маса и да одредиме што е тоа, што јасно и гласно – еве во еден документ – може би цитирано од повеќе претходни документи, договори, резолуции, треба да го формализираме за да знаеме како ќе продолжиме напред и да ги информираме граѓаните за тоа.“

Филипче исто така предложи да се побара и поддршка од ЕУ во некои клучни делови од процесот:

„Да побараме помош, можеби, во тој документ, од Европската Унија, од Европската заедница, во делот на историската комисија, некои нивни експерти, нивно искуство.“
„Како што реков вчера, најлошото е да не се прави ништо,“ заклучи лидерот на СДСМ.

Последни вести