Соопштение за јавност
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски беше во посета на жителите на Урвич и Јеловјане.
Тие се пожалија на инфраструктурни проблеми кои општината и надлежните министерства ги игнорираат со години. Патиштата не се чепнати 20 години. Училиштето во Јеловјане е руинирано, нема игралиште. Стопанствениците и занаетчиите се постојано под удар на инспекции.
Власта ги понижува, а на последните избори се обидуваа да им го купат гласот за 1000 денари. Сите вработувања одат по партиска линија. Во село Урвич има тројца дипломирани професори кои не може да најдат работа зашто не сакаат партиски да се ангажираат.
Како резултат на овие уништувачки и понижувачки политики на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, повеќе од 60 проценти од населението е иселено.
Николовски упати апел до општина Тетово веднаш да го реши и проблемот со превозот на средношколците од Јеловјане до градот.
„Почитувани, сакам да порачам дека ова на 11 декември ќе запре. Наместо инспекции, малостопанствениците и занаетчиите ќе ги помогнеме со конкретна финансиска помош, ќе го запреме иселувањето и јавно ви ветуваме дека никој нема да мора партиски да се ангажира за да дојде до работа“, рече Николовски на средбата.
Скопје, 26.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА