fbpx

Зошто ВМРО-ДПМНЕ сака да забрани снимање на Плаошник?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Многу едноставно, ВМРО-ДПМНЕ сака да го скрие од јавноста злосторството што го направи врз културното наследство на Плаошник.

ВМРО-ДПМНЕ сака да ја скрие препораката на УНЕСКО цел еден комплекс да се дислоцира надвор од Плаошник и од заштитеното градско јадро на Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ сака да скрие дека го уништи визуелниот квалитет на локалитетот Плаошник, иако УНЕСКО ги предупреди да не го прават тоа.

Но, и Охриѓани, и сите граѓани на Македонија со свои очи видоа дека ВМРО-ДПМНЕ го упропасти едно од најубавите места во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ сака да го скрие сечењето на боровата шума, како и препораката на УНЕСКО да бидат засадени нови садници дрвја, да се уреди околината, а сечењето на постоечките дрвја да престане.

Затоа, залудно бесрамно лажете, кога цела јавност гледа што направивте на Плаошник

Залудно лажете дека на Плаошник не е ништо забетонирано, кога бетонските чудовишта бодат во очите.

Доста веќе ги правдате своите криминални дела со спомнување на Свети Климент Охридски. Цела Македонија знае дека токму Паско Кузман и Никола Груевски го негираа словенскиот карактер на македонската култура, а со тоа и делото на Свети Климент Охридски.

Охриѓани нема да ви простат за криминалите на Плаошник, како што нема да ви простат за тоа што им го донесовте криминалецот Субрата Рој.

Наместо бетон за Плаошник, ветуваме дека уништувачите на културното наследство ќе одговараат, а граѓаните и туристите ќе бидат сведоци на вистинска грижа и заштита на културното богатство на Македонија. Ќе ја ослободиме Македонија од бетон и стиропор, а Охрид ќе го промовираме како светски центар на словенската писменост.

Скопје, 26.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести