Соопштение за јавност
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со шефот на делегацијата на Европската унија во Скопје Самуел Жбогар, на која беше разговарано за состојбите во Министерството за внатрешни работи, претстојните избори и проблемот со мигрантите.
Министерот Спасовски изрази благодарност за соработката со Европската унија и ја потенцира определбата МВР да стане сервис на граѓаните односно да се департизира, декриминализира и професионализира.
Шефот на делегацијата на ЕУ Жбогар рече дека се согласува оти овие три процеси се многу важни и дека Европската унија е заинтересирана да помогне во нивното спроведување. Тој го истакна и очекувањето изборите на 11 декември да бидат кредибилни, што ќе биде прв чекор кон стабилизирање на состојбите во државата. Жбогар истакна дека очекува сите институции во државата, вклучително и MВР, по изборите да се вратат на реформскиот пат , што ќе биде од исклучително значење за продолжување на процесот на евроатлантските интеграции.
Шефот на делегацијата на ЕУ најави и конкретна помош за Министерството за внатрешни работи во справувањето со проблемот со мигрантите преку доделување на 31 теренски возила опремени за надзор на границата