Соопштение за јавност
Филипче со младите: Иселувањето достигнува епидемиски размери и е главен проблем на младите во истражувањата
Политиката што ја води Владата на ВМРО ДПМНЕ особено економската, не оди во прилог на никого, а особено не на младите, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче,на средба со млади и студенти. Филипче укажа дека влошената економска состојба во државата е една од клучните причини поради што младите се иселуваат.
„Сите параметри одат во прилог на тоа дека власта не води сметка за граѓаните, а најмалку за младите. Нема ниту среднорочен ниту долгорочен план. Во првата половина на 2024 година имавме рекордни странски инвестиции, од над 570 милиони евра. Годинава, во првите шест месеци, странските инвестиции паднаа на само 220 милиони евра. Премиерот се фали со раст на БДП, но најголем дел од растот е поради патиштата што се прават“, рече Филипче.
На средбата Филипче посочи дека владата наместо да создава услови за добро платени работни места, одбива да ја минималната плата и да стимулира раст на сите плати.
„Работните места што се отвораат сите се со ниски плати, не се доходовни, тоа е преживување, тоа не е развој. Колку и да кажуваат дека растат платите тоа се толку минимални проценти што однапред е изедена таа сума на пари од растот на плати со инфлацијата којашто не ја контролираат. 4,8 % во мирнодобски услови кога нема криза каква што имавме ние енергетска, ковид криза, после војна во Украина, кога сега се е стабилизирано – нема оправдување освен дека Владата не сака да се справи со тоа да им излезе во пресрет на граѓаните“, рече Филипче, додавајќи дека е загрижен за иднината на младите, затоа што со оваа влада во сопствената држава немаат перспектива за развој.