Соопштение за јавност
Обвинетиот Никола Груевски повторно ја помешал реалноста со неговата розева пропаганда.
Веројатно никој не го известил дека лекарите заминуваат во странство, ама не на обука, туку се иселуваат и работат таму.
Обвинетиот Груевски и гробарот на македонското здравство Никола Тодоров ги бркаат квалитетните кадри, кои не можат да работат во катастрофални услови, за ниски плати, додека пациентите мораат сами да си набавуваат лекови, медицинска опрема и помагала.
Веројатно обвинетиот Груевски мисли и дека над 600 илјади македонски граѓани се на обука во странство.
Неговото време помина. По 11 декември ќе одговара за сите злодела.
Скопје, 22.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА