fbpx

Шукова и Мојсова: Наместо дива депонија зелен парк во Карпош

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Шукова и Мојсова: Наместо дива депонија зелен парк во Карпош

Кандидатките од СДСМ за градоначалнчки на Скопје и Карпош, Каја Шукова и Маја Мојсова, денеска одржаа заедничка прес-конференција на локација во Карпош каде што никнала дива депонија, иако според Генералниот урбанистички план, таму требало да има зелена и рекреативна зона.
„Простор кој треба да биде парк, денес е претворен во дива претоварна станица за отпад. Наместо зеленило смрдеа, ѓубре и ризик по здравјето на граѓаните. Карпошани заслужуваат подобро“, истакна Каја Шукова, кандидатка за градоначалник на Скопје.

Таа посочи дека оваа локација е само еден од многуте примери за негрижата на градските и општинските власти предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните, како што рече, се оставени сами во борбата со отпадот и загадениот воздух.

„Ќе воведеме модерен систем за селекција и преработка на отпад, ќе набавиме нова опрема, и ќе ја реконструираме целата комунална инфраструктура. Скопје ќе биде чист град, со нови зелени површини, а дивите депонии како оваа ќе станат минато“, додаде Шукова.

Од локацијата се обрати и Маја Мојсова, кандидатка за градоначалничка на Карпош, која истакна дека проблемот е уште подлабок на локално ниво за оваа критична зона не постои донесен Детален урбанистички план (ДУП), што ја остава отворена за злоупотреба.

„За делот меѓу булеварите Илинден, 8-ми Септември и реката Вардар, нема ДУП. Просторот се контаминира со отпад и ги труе нашите сограѓани. Мој прв чекор како градоначалничка ќе биде носење на ДУП со единствена намена зеленило и рекреација“, рече Мојсова.

Таа додаде дека нејзината визија за Карпош е општина со повеќе паркови и помалку отпад, со чиста животна средина и јавни простори достапни за сите граѓани.

„Карпошани ќе добијат современ парк, со содржини за спорт и рекреација. И не само тука – мојата заложба ќе биде повеќе зеленило секаде каде што условите го дозволуваат тоа. Затоа што Карпошани заслужуваат повеќе зелено, а не повеќе бетон“, потенцираше Мојсова.

Последни вести