Соопштение за јавност
Граѓаните на Струмица и Куманово веќе 5 години го користат гасот како ефтин и еколошки енергенс. Според теренските информации сите институции во градот имаат заштеди на трошоците над 50 проценти и овие пари веќе си ги користат за други потреби. Граѓаните на Струмица се меѓу единствените во Македонија кои не дишат загаден, туку чист воздух.
Овие поволности, финансиски и еколошки, што ги имаат граѓаните на Струмица, можеа досега да ги имаат и граѓаните на Македонија, да имаше државава одговорна власт.
Неодговорната, криминална власт на обвинетиот Никола Груевски 10 годни не ја гасифицираше Македонија, туку лично се богатеше преку стиропор политики.
Сега, на 3 месеци oд заминувањето, криминалната власт на обвинетиот Груевски се обидува да влезе во најкорупцискиот тендер од нивното владеење, во бизнис со гас.
Фамилијата во предизборие сака да даде концесија на 30 години, на фирма којашто наводно во иднина треба да изгради дистрибутивна мрежа за природен гас!
Малку им беа на Груевски и соработниците потрошените милиони евра пари на граѓаните за физибилити студии и тендерски документации, иако гас нема, сега си смислија и фирма за бизнис со гас!
Порачуваме дека овој криминал нема да го дозвоолиме и ќе има длабока ревизија за се што прават Груевски и фамилијата во деновите во заминување што им се бројат.
Никој да не помисли да им помага на обвинетиот Груевски и фамилијата на власт, бидејки за скандалот ќе има одговорност!
По промените во декември, со чесно и економично работење, по примерот на Струмица и Куманово ќе ги гасифицираме сите градови во Македонија.
Скопје, 18.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА