Соопштение за јавност
Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ ги запусти општините изминатите 4 години, од ветеното нема ништо
Со оглед на лошите резултати на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво изминативе 4 години, кои се рефлектираат низ сите општини, од Скопје, па до најмалите општини , граѓаните сè повеќе ја препознаваат политиката на СДСМ, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во гостувањето на „Вести Плус“ на Канал 5.
– Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги запустија градовите, ништо стратешко не е реализирано, освен неколку чешми и бекатончиња. Од ветеното, немаше ништо, рече Тренчевска.
Таа потенцираше дека анализите покажуваат дека СДСМ има одлични кандидати во многу општини, особено во места како Крива Паланка, Валандово, Центар, Крушево и други, каде што актуелните градоначалници го сменија ликот на градовите и покажаа што значи вистинско локално лидерство, рече Тренчевска.