Соопштение за јавност
Агенцијата за вработување призна дека во своите редови држи непријавени работници.
Со ова Агенцијата за вработување докажа дека проектот Македонија вработува на Груевски е чиста лага!
Со тоа што ги оставила овие работници без пензиско, социјално и здравствено осигурување Агенцијата за вработување директно го поддржува нечовечното однесување на Никола Груевски кон најзагрозените категории на работници коишто го заработуваат своето парче леб за ниски плати.
Бараме Државниот инспекторат за труд веднаш да постапи наодите на државнот ревизор. На непријавените работници веднаш да им бидат обезбедени договори за работа и пензиско, социјално и здравствено осигурување!
Агенцијата за вработување да понесе одговорност.
Скопје, 17.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА