Соопштение за јавност
Како што вчера Лутфиу и Ристовски со молкот потврдија дека месечните трошоци за еден студент се повисоки од една плата, така денеска ги потврдија понижувачките услови за живот на студентите во „Стив Наумов“.
Влага, мувла, руинирани соби и тоалети. Ова се конкретните и мерливи активности на Министерството за образование и кадрите на Никола Груевски.
За овие услови кои се под секое ниво, студентот сместен во студентски дом треба да издвои најмалку 10.277 денари месечно, кога минималната плата изнесува 10.080 денари. Трошоците на студент кој не е примен во студентски дом се над 20.000 денари.
Ова ќе се промени по 11 декември. Студентите ќе добијат достоинствени услови за живот и студирање.
Скопје, 17.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА