Соопштение за јавност
Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје
Скопје денеска се соочува со закана од екоцид поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им ветуваа на скопјани решавање на проблемот со депониите.
Што добивме после 4 години? Елементарна непогода му се случува на Скопје со ВМРО-ДПМНЕ.
Во Вардариште, секој ден гори канцерогено ѓубриште. Стотици илјади скопјани дишат отров, а Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски бесрамно молчат и ништо не преземаат.
Чадот од депониите е директна закана за здравјето на граѓаните и потврда за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.
Ниту едно ветување за депонијата Вардариште не е исполнето. Ниту едно ветување за Дрисла не е исполнето.
Наместо современ центар за управување со отпад, Дрисла повторно станува црна точка и извор на загадување за целиот град.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се симбол за негрижа и уништување на Скопје.
Наместо решенија, тие му донесоа на градот еколошка катастрофа.