fbpx

Положување цвеќе, парк Жена Борец: Се поклонуваме пред борците за слободна Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во чест на 8 септември, Денот на независноста на Р.Македонија, делегација на СДСМ во состав Љупчо Николовски, член на ИО, Аднан Џаферовски, член на ИО и Рената Јајоска, член на ИО на СДММ оддаде почит и положи свежо цвеќе на Споменикот на жените во НОБ во паркот Жена Борец.

За нас ова е ден кога мора да им оддадеме почит и признание на сите оние кои се заслужни за слободата и независноста на нашата татковина, Република Македонија, особено на оние кои ги дале своите животи за слободата. Нивното херојство е патоказ кон посветла иднина, а нивните жртви се потсетник колку скапо чини слободата и обврска за секој од нас да ја брани и да ја живее таа слобода.

СДСМ секогаш ќе се заложува за државно единство кога е во прашање одбележувањето на светлите и значајни датуми од историјата на Македонија, но никогаш нема да биде соучесник во бришењето на најзначајните делови од историјата.

 

 

 

 

Последни вести