Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска на Фејсбук:
Нема оправдување за неспособноста!
Доста е со глумење жртви и префрлање на одговорноста!
ДПМНЕ, оваа влада и премиерот што се крие зад секави паравани, не смеат да се оправдуваат со некакви си „хибридни напади“.
Нема ништо хибридно во вашата неспособност!
Секоја власт е должна да ја заштити својата држава и своите граѓани.
Тоа е вашата примарна задача, а вие систематски потфрлате.
Дали ова е сѐ што знаете?
Каде беа вашите служби, вашите стратегии и вашите капацитети кога „наводниот напад“ се случуваше?
Наместо да ги смирите граѓаните, вие излегувате на прес конференции и со треперлив глас плачете дека некој ве нападнал.
Дали се криете зад хибридните закани за да ја покриете сопствената неспособност и неработење?
За секој проблем, вие имате ново измислено оправдување. Наместо решение.
Додека вие барате оправдувања, граѓаните живеат во несигурност и отруени по сите основи и физички и ментално!
Доколку навистина сте биле цел на напад, ваша должност беше да го неутрализирате, а не да го соопштите!
Вашите министерства, одбраната и внатрешните работи, се покажаа како некомпетентни.
Ова не е само обична грешка, ова не е инцидент, ова е капитулација од некадарност и накарадност!
Треба да си поднесат оставки сите одговорни, веднаш, особено оние кои не можат да ја заштитат државата и граѓаните!