Соопштение за јавност
Костова: Скопје е пример за катастрофалното владеење на ДПМНЕ со општините
-Нашите кандидати за градоначалници се внимателно бирани во секоја Општина, а на локалните избори настапуваме со квалитетни решенија. Граѓаните го препознаваат силниот кадровски и професионален потенцијал на СДСМ, но пред се човечкиот пристап и искрена комуникација, наспроти неодговорното и расипничко водство на ВМРО–ДПМНЕ, рече потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во интервју за Фактор.мк.
Таа потенцираше дека кандидатите за градоначалници на СДСМ се фаворити во многу општини, не само во оние во кои веќе се на власт, туку и во општините кои изминативе 4 години катастрофално ги водат градоначалници од ДПМНЕ.
– Скопје се гуши во смог и никој од актуелната власт ништо не презема, иако 4 години најголем дел од скопските Општини, како и Градот Скопје, се под водство на ДПМНЕ. Секојдневно укажуваме на неодговорното и расипничко владеење на градоначалниците од редовите на ДПМНЕ. За потсетување, во изминативе четири години се случуваа кражби на нафта наменета за греење на училиштата, дивоградби градени од највисоките раководни лица во Општината и блиски луѓе на градоначалниците. Цената на комуналните услуги порасна, иако нивниот квалитет значително опадна во општините водени од ДПМНЕ, потенцираше Костова.
Таа се осврна и на фактот дека изминативе години нема никакви капитални инвестиции, до толку не се подготвени да работат што најголем дел од нив не беа подготвени ниту да аплицираат за проекти од милијардерскиот кредит на Мицкоски.
– Општинските имоти се раскрчмуваат, се продаваат по багателни суми на лица блиски до ДПМНЕ. Ниту еден градоначалник од ДПМНЕ нема ниту еден капитален проект којшто решава повеќедецениски проблем или реализира визија за идните децении, потенцираше Костова.
Во интервјуто таа нагласи и дека градоначалниците од ДПМНЕ не ги реализираа програмите и ветувањата со кои се расфрлаа во 2021 година.
– Во ваква атмосфера, важно е ние граѓаните силно и одлучно да го спречиме понатамошното тонење на Општините под водство на ДПМНЕ, а нивните градоначалници слободно можат да си ги препишат програмите од пред четири години, затоа што ништо не сработија, рече Костова.
https://faktor.mk/intervju-kostova-nezadovolstvoto-kje-gi-stigne-mickoski-i-dpmne-na-izborite-kje-nastapi-borbeno-i-konsolidirano-sdsm