fbpx

Само пуста желба на Груевски е оставка на Заев

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Целосно се невистинити пишувањата на порталот Лајм што категорично ги демантираме, дека наводно претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе поднесел оставка.

Само пуста желба на Никола Груевски може да биде оставка на претседателот Заев.

Зоран Заев ќе биде новиот премиер на Република Македонија.

Централниот одбор на СДСМ на вчерашниот состанок донесе одлука за тематски Конгрес на крајот на септември за отворање простор за широк фронт против режимот на Груевски и утврдување на приоритетите на идната демократска власт во Македонија, за што партијата вчеравечер извести преку официјално соопштение за јавност.

 

02.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести