fbpx

Филипче: Во четврток ќе ја презентираме драфт верзијата на Резолуцијата, време е за заеднички став за членство во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: Во четврток ќе ја презентираме драфт верзијата на Резолуцијата, време е за заеднички став за членство во ЕУ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска најави дека во четврток ќе биде објавена драфт верзијата на Резолуцијата за црвените линии и преговори со ЕУ која партијата ја подготвуваше изминатиот период.

„Многу внимателно пристапивме кон овој процес. Темата е чувствителна и бараше консултации со бројни експерти од правото и меѓународното право. Во четврток ќе ја презентираме работната верзија – наш предлог, кој го ставаме на маса за сите политички партии и субјекти во Собранието,“ изјави Филипче.

Тој нагласи дека целта е да се постигне заеднички став за најважното државно прашање во моментов – европската перспектива на Македонија.

„Апелирам сите политички чинители да дадат свои мислења и предлози. Само со единство можеме да ги отвориме поглавјата, да го фатиме чекорот со Албанија и Црна Гора и да ја обезбедиме нашата европска иднина,“ рече лидерот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Последни вести