fbpx

За исплата на штетите нема потреба од нови задолжувања

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денешната изјава на Емил Димитриев е потврда дека владините институции се во целосен хаос околу справувањето со последиците од поплавите што ги зафатија скопскиот и тетовскиот регион.

Ниту проценката е завршена како што беше најавено, ниту се најавува минимум праведна распределба на првичната помош за настраданите.

Доказ за неспособноста на оваа влада е признанието дека за најавените 33 милиони евра за отштета дополнително планираат да земат нов кредит од меѓународни институции. И покрај тоа што пред помалку од еден месец незаконски издадоа еврообврзница од 450 милиони евра, денес самите признаа дека не се во состојба од тие средства да одвојат само 7% и да ги наменат за санирање на штетите од поплавите.

СДСМ предлага 20 милиони евра од четвртата еврообврзница, што беа наменети за бегалската криза да се пренаменат за санирање на штетите од поплавите. Истовремено Владата под итно да се откаже од 15 милиони евра најавени за Рајската Градина во општина Аеродром и од 18 милиони евра за Панорамското тркало.

Со пренамената на било кој од овие два проекта, заедно со средствата од четвртата еврообврзница нема да има потреба од никакво дополнително задолжување. Елементарните потреби и проблеми на граѓаните на Р.Македонија мора да бидат ставени како приоритет пред изградбата на тркала и градини.

СДСМ бара што побрзо да започне исплатата на штетите на настраданите од поплавите, под еднакви услови за сите граѓани, без партиски списоци и без никакви дополнителни кредити.

Скопје, 19.08.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести