Соопштение за јавност
Советничката група на опозицијата во Советот на Општина Карпош, составена од советниците на СДСМ, ЛДП и ОМ, денеска до Претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаревски поднесе Иницијатива за свикување на вонредна седница на Советот на општината, заради новонастанатата ситуација околу поплавата што се случи на 6.08.2016 година.
За оваа трагедија што го погоди градот Скопје, којашто однесе над 20 жртви и во којашто има повредени и исчезнати лица со предизвикана огромна материјална, општина Карпош мора да се вклучи и да им помогне на граѓаните.
Очекувавме дека веднаш по она што се случи, Општината Карпош ќе биде меѓу првите која ке одржи вонредна седница и ке понуди финансиска помош. Особено и заради фактот што граѓаните на општината Карпош јавно се обратија до градоначалникот и сите советници, со предлози за конкретни мерки.
Иако Општината Карпош досега повеќе пати се покажала како многу хумана, изненадени сме од институционалниот молк на Советот и градоначалникот, кои наместо да ги сплотат граѓаните во овие тешки моменти, создаваат дополнителни тензии со испракање механизација за уништување на паркови. Ова особено кога е општо познато дека една од причините за трагедијата која се случи во соседната општина Гази Баба, е токму уништувањето на зеленилото!
За таа цел советничката група на опозицијата достави иницијатива до Претседателот на Совет на Општина Карпош, за одржување на вонредна седница на Советот, со цел да помогнеме со на нашите сограѓани кои ги погоди оваа несреќа.
Скопје, 15.08.2016