fbpx

СДСМ: Резолуцијата е за обединување не за политички препукувања

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска – портпаролка

СДСМ: Резолуцијата е за обединување не за политички препукувања

Дозволете ми уште еднаш да потсетам јавноста дека ова не е предлог резолуција за препукување помеѓу политичките партии, туку е предлог резолуција за обединување.

Оставаме сите други политички партии да ја разгледаат предлог-резолуцијата, да се изјаснат за истата и секако после тоа и ние ќе коментираме. Јас кажав, ова е предлог резолуција којашто е презентирана пред јавноста и е презентирана пред сите останати политички партии и секако оставаме време, како што кажавме, да ја разгледаат.

И уште еднаш ќе напоменам и мислам дека овој апел ќе стигне до сите затоа што станува збор за предлог резолуција којашто е за обединување, а не е за разединување и најмалку за политички препукувања.

Ова е предлог резолуција којашто е направена со сериозен пристап, со експерти и многу прецизна.

Затоа сакаме да оставиме време да ја разгледаат сите политички партии и после тоа да се произнесат, секако откако внимателно ќе ја разгледаат резолуцијата.

Затоа токму тоа го кажав, дека кога ќе се произнесат тогаш ќе знаеме и ние, секако, да се произнесеме по однос на реакциите и прифаќањата од страна на сите политички партии.

Последни вести