Соопштение за јавност
Секојдневно сме сведоци на катастрофалните политики на власта, но, од ден на ден, излегуваат на површина тешките последици што ги чувствуваат граѓаните.
Денеска во РЕК Битола се случи хаварија на Блок 2.
По оваа хаварија, од денеска па во наредните денови целокупниот капацитет на термоелектраната Битола е надвор од енергетскиот капацитет на Република Македонија.
Веќе подолго време надвор од функција се блоковите 1 и 3.
Неодговорноста и неспособноста го доведува во прашање функционирањето на енергетскиот систем во земјава.
Јавноста, граѓаните, очекуваат одговорност.
Кој ќе ја понесе одговорноста, со име и презиме, за ваквата катастрофалната состојба во РЕК Битола?
Скопје, 11.08.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА