Соопштение за јавност
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска ги посети граѓаните од најпогодените подрачја во Скопје и скопско, од населените места Ченто, Стајковци и Арачиново.
Секаде состојбата е ужасна и за жал луѓето се оставени сами да се снаоѓаат и да ги решаваат проблемите.
Поплавени домови, уништени покуќнини, автомобили, човечки жртви, очај и неверување кај граѓаните за она што ги снашло…тоа е тажната слика од погодените населени места.
Шекеринска разговараше со граѓаните на коишто им е потребна помош и изрази сочуство досемејствата коишто ги изгубија своите најблиски.
На граѓаните им е потребна вода за пиење, храна, но и физичка помош, за да секое семејство се справи со ужасот коијшто им ги уништил куќите, домовите, сето она коешто го создавале со години.
Најголема е потребата за пумпи и агрегати коишто ќе им овозможат на граѓаните да се спасат од водената стихија којашто се уште трае.
Шекеринска рече дека институциите многу поорганизирано и многу побрзо треба да се вклучат во средување на состојбите.