Соопштение за јавност
Во овие тешки моменти апелираме на граѓанска солидарност и взаемна помош за справување со тешките последици и санирање на штетите.
За таа цел, во овие тешки моменти, СДСМ, преку своите Општински организации во Македонија, ќе отвори пунктови за собирање на хуманитарна помош за настраданите семејства (вода, конзервирана храна, средства за хигиена и други неопходни средства).
Сите Општински организации на СДСМ ќе бидат отворени за соработка и преку надлежните институции заедно да им помогнеме на настраданите.
Скопје, 07.08.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА