fbpx

Богов да не молчи за сопствениците на оф шор фирмите основани во Белизе!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Гувернерот Богов сеуште молчи за тоа дали му се познати имињата на сопствениците на оф шор фирми коишто поседуваат имот во земјава.

Тој самиот потврди дека знае кој е сопственик на АД Бетон Скопје.

Денес му приложуваме извод од акционерската книга на АД Бетон Скопје со имињата на најголемите акционери.

Од трите правни лица, сопственици на над 60% од акциите на компанијата, едното е регистрирано на Панама, а другото на Британските девствени острови.

Јасно е дека Богов не ја кажуваше вистината при избувнувањето на таканаречената афера Панама Пејпрс.

Богов да каже дали ја има известено Комисијата за хартии од вредност за можна евентуална капитална поврзаност на трите најголеми акционери во АД Бетон Скопје?

Дали освен сопствениците на оф шор фирмите основани во Панама и Британските девствени острови, го знае и сопственикот на Ексико и останатите оф шор компании од Белизе кои поседуваат имот вреден стотици милиони евра во Македонија?

Богов е должен да ги даде овие одговори пред граѓаните и јавноста.

 

Скопје, 05.08.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести