Соопштение за јавност
Се бориме за нашиот дом: Веб страна со сите програми, решенија и информации за кандидатите на едно место
Ве информираме дека на официјалната веб-страница www.zanashiotdom.mk се достапни сите информации.
Граѓаните и медиумите може да ги преземат комплетните програмски документи за сите општини, информациите за кандидатите за градоначалници, носителите на советнички листи, како и за решенијата за секоја општина и визијата што ја претставуваме.
Преку едноставен избор ќе добиете пристап до:
• Изборната програма за конкретната општина,
• Листите на кандидати и носители,
• Биографиите и приоритетите на кандидатите,
Дополнително, граѓаните имаат можност да се вклучат и со свои идеи, размислувања и предлози, затоа што веруваме дека секое мислење е важно и секој глас е слушнат.
Се’ на едно место: посетете ја официјалната страница: www.zanashiotdom.mk
Се бориме за нашиот дом!