fbpx

Чулев призна, Антикорупциска затвора очи за неговиот луксузен стан, ќе одговараат!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Директорот на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев молчи зошто не го пријавил во неговиот станот од околу 90.000 евра во луксузниот станбен објект во Аеродром во неговиот Анкетен лист.

Со тоа високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ и самиот призна дека го крие луксузниот стан.

Зошто директорот на Разузнавање Чулев има потреба да го крие станот?

Дали можеби затоа што треба да објасни како се доаѓа до стан во луксузен комплекс со пазарна вредност од околу 90.000 евра?

Дека директорот на Агенцијата за разузнавање има стан на адреса Фрањо Клуз број 2, со површина од 63 метри квадратни во вредност од околу 90.000 евра покажува неговиот имотен лист од Агенцијата за катастар на недвижности.

Ај што Чулев молчи, незаконски молчи и Антикорупциската комисија чиишто членови се платени од граѓаните за да ги штитат нивните интереси од злоупотреби од функционери.

Според законот, директорот на Агенцијата за разузнавање морал да пријави во Антикорупциската комисија какви било промени во имотната состојба коишто ја надминуваат вредноста од 20 просечни плати.

Груевски и соработниците кои трупаат станови и пари до рајските земји можеби се засега поштедени од Антикорупциската комисија под нивна контрола.

Но ќе бидат казнети на регуларните избори во декември, по што за сите злоупотреби ќе следува одговорност за сите што ги кршеле Уставот и законите и за оние кои биле соучесници во тоа.

 

 

Последни вести