Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ и во денешната реакција како и со одложувањето на законите за нотаријат и за извршители, призна дека со измените што ги планираа ќе настанат проблеми и уште поголема правна несигурност на граѓаните и правните лица во Република Македонија, како и пречки во одвивање на правниот промет во нашата држава.
Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ за оправдување дека основен мотив за одоложувањето на примената на Законот за извршување и на Законот за нотаријат биле укажувањата на Комората на извршители и Нотарската комора на Република Македонија.
Еснафските комори, но и стручната јавност, во текот на постапката за носење на законите постојано укажуваа на слабостите на законите и на проблемите што ќе произлезат од нив, но тоа не допираше до власта.
Сега одеднаш “се просветлија” и решиле да им излезат во пресрет на коморите и на “поголемите доверители” како што велат.
Не, повлекувањето на овие закони е уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ презема чекори од коишто подоцна се повлекува, затоа што се плаши од судот на граѓаните.
29.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА