fbpx

Десетици коктели, здравици, црвени машни од Груевски за гасоводот, а до денес гасот го нема!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Уште колку коктели ќе направат Никола Груевски и соработниците, уште колку чаши со здравици ќе испијат, уште колку црвени машни ќе исечат за гасоводот којшто и по 10 години во Македонија се уште НЕ Е ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА?!

На денешното “одбележување на завршување на изградбата на гасоводот Клечовце – Штип“ Груевски се разбира ова не го објасни.

Бидејки гасовод има, ама гас нема, Груевски барем да одговореше зошто овој гасовод ги чини граѓаните 55 милиони долари повеќе од предвиденото?

Физибилити студијата за изградба на гасоводот Клечовце-Штип предвидуваше дека овој гасовод треба да чини 23 милиони долари.

Дали изградбата на овој гасовод доцнеше затоа што во прашање беа вртоглави провизии од 55 милиони долари?

Делницата Клечовце-Штип на којашто денеска Груевски се прошета, ги чини граѓаните неверојатни 1 милион и 240 милиони евра по километар!

Додека Груевски и соработниците се занимаваа со криминални милионски провизии, општина Струмица и општина Куманово ефикасно се гасифицирани и граѓаните одамна ги користат бенефитите од евтиниот енергенс, гасот.

СДСМ ќе ја добие довербата од граѓаните на следните регуларни избори, а еден од важните приоритети ќе биде гасификација на цела Македонија.

Сите од оваа власт кои правеле или учествувале во злоупотреби, ќе одговараат!

Скопје, 29.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести