fbpx

Регулаторна одлучи да продолжи да ги полни џебовите на фамилијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Регуларторната комисија за енергетика, чијшто прв човек е од редовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово одлучи да продолжи да ги штити интересите на компаниите блиски до фамилијата на власт.

Регулаторната комисија за енергетика неосновано одби да ги намали сметките за парно за 30 проценти за домаќинствата коишто се корисници на топлинска енергија од ЕЛЕМ ЕНЕРГЕТИКА и БЕГ.

Овие две компании цела година им наплаќаат на граѓаните поскапо парно греење. Во август, 2015-та година цената на природниот гас беше намалена во регионот за цели 30 проценти.

Тоа значи дека цената на парното требало да се намали за 30% уште во декември 2015 година за корисниците на парно греење од овие две компании, затоа што трошоците за набавка на горивото природен гас им биле помали од проектираните.

Регулаторната комисија имала законска обврска да реагира и да ја намали цената за овие корисници уште во декември, 2015-та година!

Со последната одлука, штетите и натаму ќе ги трпат над 60.000 домаќинства коишто благодарение на РКЕ ќе продолжат да ги богатат ЕЛЕМ ЕНЕРГЕТИКА и БЕГ.

Порачуваме дека сите одлуки на Регулаторната комисија на штета на граѓаните ќе бидат предмет на Ревизија.

Сите кои направиле или учествувале во какави било злоупотреби на штета на граѓаните, ќе одговараат!

Скопје, 29.07.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести