Стојкоски: Промени во Македонски брод ВМРО-ДПМНЕ и Ристески не испорачаа ништо

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Стојкоски: Промени во Македонски брод ВМРО-ДПМНЕ и Ристески не испорачаа ништо

„Локалната власт во Македонски Брод, во заминување, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Жарко Ристески, ќе биде запаметена како единствената локална власт којашто не успеала да испорача ништо за Порече“, истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата Ивица Стојкоски на предизборниот собир во Македонски Брод.

Стојкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ пред четири година ја доби довербата врз база на лажни ветувања, евтин популизам и лажен национализам.

„Ветуваа асфалт за поречките села, а она што успеаја да го испорачаат е една епска робусна нула во километри нов асфалт за Порече, нема ниту еден километар асфалт за калливите селски патишта. Ветија нов водовод со колекторски систем за Самоков, истиот не го направија. Нема ништо од урбанизацијата на руралните средини, нема ништо од детското игралиште во Требино, осветлувањето на обиколницата е заборавено, субвенционирањето на климите и субвенционирањето на линискиот превоз за жителите од Порече ги нема никаде, нема ништо од проектот за реконструкција на градскиот стадион, издвои Стојкоски од нереализираните проекти на актулената локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во општина Македонски Брод.

Каднидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата Ивица Стојкоски, презентирајќи ја својата програма за Македонски Брод најави стипендирање на сите ученици коишто ќе се запишат во гимназијата Свети Наум Охридски, зголемување на поддршката за здруженијата на граѓаните на територијата на општината од сегашните 300.000 денари на еден милион денари до 2029 година, субвенционирање на трошоците за превоз на пензионерите за нивни екскурзии во други градови, помош од 5.000 денари за полагање возачки испит за младите, 15.000 денари за секој исклучен брак на територијата на општина Македонски брод, како и големи проекти во заштита на животната средина и туризмот.

„Отпочнување на проектот нула пластика во Македонски Брод којашто ќе опфаќа дислокација на сите диви депонија на територијата на општината, поставување на плутени брани за собирање на пластика во речното корито на река Треска, чистење на речното корито на река Треска заедно со брегот на езерото Козјак од пластика, за да се создадат услови после сето ова да се организира нова манифестација за Македонски Брод – регата на Треска која ќе привлече многу туристи љубители на природата“.

„Мораме заедно да се бориме и заедно да го градиме, да се бориме заедно да го направиме Македонски брод туристички, урбано, спортски, културно и уметнички препознатлив. Македонски Брод да биде посреќно место за живеење“, порача каднидатот за градоначалник на СДСМ Ивица Стојкоски, и ги повика гласачите на 19 октормври да гласаат за бројот 5, да ја дадат довербата на СДСМ и Колаицијата.

Доколку сакаме да имаме светла иднина, во минатото видовме многу лоши примери на грешки како не треба да правиме, од нив мора да научиме како истите и да не ги повториме во иднина. Поради сето ова ве повикувам вас сите жители на Македонски Брод, сите жители на поречките села да ни ја дадете вашата доверба, да ни ја дадете вашата поддршка, да ни го дадете вашиот глас, а јас ви ветувам дека нема да ве изневериме и дека заедно со вас ќе се бориме и работиме да ја градиме иднината на Македонски Брод, повика кандидатот за градоначалник на општина Македонски Брод на СДСМ, Ивица Стојкоски.

https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/1680909565923893