Соопштение за јавност
Никола Груевски единствено што може да се пофали е дека ги препоплови граѓаните во Македонија, но со иселувања.
626.312 илјади луѓе се иселени од државата, меѓу нив најголем дел млади, меѓу нив масовни иселувања има од Источна Македонија.
Ете така Груевски ја намалил невработеноста и во Пробиштип и во Македонија и во државава. Се разбира и преку неоснованите бришења невработени од агенциите за вработување.
Кога веќе најавува нови вработувања во Пробиштип добро би било да каже каде се 5.000 нови вработувања што ги вети на жителите на Крива Паланка и Ранковце.
Никола Груевски после 10-годишна криминално корупциска кариера, нема право ништо да ветува.
Доаѓа одговорна Влада којашто преку стабилни економски политики ќе обезбеди сигурна иднина за младите, за сите граѓани и за државата.
Скопје, 26.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА