Соопштение за јавност
Малку им е еврообврзницата на власта на Груевски па продолжува и со домашните задолжувања.
Министерството за финансии денеска одржа аукција на државни хартии од вредност на домашниот пазар.
Министерството за финансии денеска запиша 9.26 милиони евра во домашни записи и обврзници!
Доспеаните долгови власта може да ги враќа со средствата од 450-милионската еврообврзница со којашто ги задолжија граѓаните.
Но тие повторно одржуваат аукции на домашниот пазар на капитал.
Оваа влада не може да функционира без задолжување на товар на граѓаните.
Затоа се потребни регуларни избори што побрзо.
Лудилото со задолжувањата мора да престане.
Скопје, 26.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА