fbpx

Миноски нека им е поука како Груевски користи и отфрла, следуваат првите кривични пријави

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски го остави сам министерот за финансии Кирил Миноски да го брани неодбранивото, финансиско злосторство со еврообврзницата и ребалансот на Буџетот.

Миноски му требаше на Груевски само за да стави потпис на незаконското задолжување на граѓаните од 450 милиони евра. Затоа е оставен сам и во собраниските клупи и по медиумите.

Сите послушници на Груевски нека извлечат поука од ова што им го прави Никола Груевски на своите соработници.

СДСМ за незаконското издавање на еврообврзницата во текот на денешниот ден ќе ги поднесе првите кривични пријави.

Министерот за финансии Кирил Миноски и неговата заменичка Билјана Бришковска, со сервилноста кон нивниот наредбодавач Никола Груевски ја злоупотребиле службената положба на штета на граѓаните на Република Македонија.

Еврообврзницата од 450 милиони евра е издадена без правно мислење од министерот за правда.

Еврообврзницата од 450 милиони евра е издадена во момент кога во Буџетот на државата, во ставката странски заеми се планирани вкупно 370 милиони евра за цела 2016 година. И денес во Буџетот, ставката странски задолжувања е 370 милиони евра!

За ова финансиско злосторство нема да има амнестирани. Сите инволвирани ќе одговараат.

 

Скопје, 26.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести