fbpx

СДСМ се финансира исклучиво законски, Република да се извини и да каже дали лажат поради Груевски и Белизе

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Порталот Република тенденциозно со денови ги доведува во заблуда граѓаните со лаги, дезинформации и манипулации за уредниот и законски начин на финансирање на СДСМ, согласно позитивните законски прописи во Р.Македонија.

Бидејки порталот Република не го објави уредно доставениот одговор на СДСМ на поставените прашања вчера вечер од страна на порталот, СДСМ засега побара извинување за изнесените лаги, дезинформации и манипулации со коишто продолжуваат и денеска.

СДСМ бара освен од Република, и од сите други портали под контрола на власта на Никола Груевски што објавија конструкции и лаги во врска со финансирањето на СДСМ, веднаш во целост да го објават одговорот на СДСМ.

СДСМ како партија на граѓаните, како и сите други граѓани во Р.Македонија, се финансира согласно законските прописи во државата, од членарини, донации, од кредити и од Буџетот на Република Македонија. Само сретствата од Буџетот, согласно Законот за финансирање на политички партии се околу 15 милиони денари годишно. Исто така во изборни години СДСМ остварува приход и од добиен глас согласно закон, којшто изнесува помеѓу 10 и 15 милиони денари.

Сите приходи на СДСМ се согласно позитивните законски прописи на државата. Тое е потврдено со секој годишен ревизорски извештај што го прави Државниот завод за ревизија, којшто е исто така под контрола на власта.

Законитоста во финансирањето на СДСМ ја знаат многу добро институциите под контрола на Никола Груевски. СДСМ претставува пример за партија во поглед на транспарентноста и начинот на финансирање.

Црни пари се својствени за власта на Никола Груевски за што не се осмелуваат да пишуваат медиумите под нејзина контрола, меѓу кои е и порталот Република.

На пример според официјалните документи од Централен регистар, неделникот Република во сопственост на фирмата „Прва Република ДООЕЛ“ остварила приходи од 1,1 милион евра за перид од 3 години, пари исплатени до Владата на РМ.

Сопственик на „Прва Република ДООЕЛ“ според тие документи е „Ирсине лимитед“ од Белизе, а оваа фирма сопственик на Република се наоѓа на иста адреса во Белизе со познатата компанија Сирах лимитед преку којашто има сериозни индиции дека Никола Груевски е поврзан со нарачки на парцели на Водно.

Дали затоа на Република и е чудно законското финансирање на СДСМ, а порталот не се интересира за тврдината на ВМРО-ДПМНЕ тешка според проценките меѓу 15 и 30 милиони евра, како Никола Груевски и неговата партија успеале да купат имот на партијата во деловни објекти и земјиште вредно повеќе од 12 милиони евра, како Груевски ја покри финансиска дупка на партијата од 3.500.000 евра констатирана во извештајот на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2011-та година, што е со парите што ги примала лично Јанкулоска во кеш како генерален секретар на партијата…

Сите злоупотреби на пари на граѓаните во Македонија многу брзо ќе бидат откриени и сите кои работеле незаконски ќе мора да понесат одговорност.

Скопје, 24.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести