fbpx

Миноски направил кривично дело со еврообврзницата, Џафери е соучесник?!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ предупредува дека е кривично дело издавањето на еврообврзницата без мислење од Министерството за правда за нејзината правна издржаност.

Министерот за финансии Кирил Миноски конечно самиот мораше да признае дека ја издал еврообврзницата без правно мислење, откако министерот Џафери остана да молчи на прозивките дали Министерството за правда го издало мислењето.

Џафери молчи и за тоа дали Билјана Бришковска неговата заменичка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ неовластено го претставувала Mинистерството за правда на конференциската врска во понеделникот кога се договараше незаконското задолжување.

Миноски, најново, најави верификација на заемот по завршување на трансакцијата од страна на министерот за правда.

Министерот за финансии со ова го прекршил Законот за јавен долг, член 18 став 6.

Миноски претходно ги излажа и странските кредитори и медиумите и граѓаните дека правно мислење за еврообврзницата има.

Укажуваме дека министерот за правда Валдет Џафери веќе го крши законот со тоа што молчи за противзаконското издавање на еврообврзницата без правно мислење.

Џафери ќе го прекрши законот и ако ја потпише еврообврзницата по задолжувањето од 450 милиони евра како што најави Миноски.

Џафери мора да има предвид и дека ставката странски задолжувања во Буџетот за 2016 е 370 милиони евра што значи дека во Буџетот не е планирано новото историско финансиско задолжување кон коешто предизборно посегна власта на Груевски, а Ребалансот на Буџетот се уште не е усвоен во Собранието на Р.Македонија.

Сите извршители на финансиското злосторство врз граѓаните и нивните соучесници ќе мора да понесат одговорност.

Скопје, 24.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести