fbpx

Одложувањето е потврда дека еврообврзницата од 650 милиони евра е на штета на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска, агентите го одложија издавањето на еврообврзницата во вредност до 650 милиони евра, но истата не е целосно откажана.

Во последниот период, Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија предупредуваше дека доколку се случи издавањето на еврообврзницата на овој начин, истото ќе прекршува неколку закони на Република Македонија.

Одложувањето е потврда дека сите аргументи и апели за ова финансиското злостроство по налог на Никола Груевски од 650 милиони евра е незаконско и на штета на граѓаните, економијата и идните генерации се успешни.

Сите инволвирани страни во процесот на издавањето на еврообврзницата, се обврзани да дејствуваат во рамки на важечката правна регулатива.

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и понатаму нема да отстапи од ставот, дека доколку се издава еврообврзница, истата треба да се издаде по истата постапка по која што беше издадена еврообврзницата во ноември 2015.

Нема да дозволиме последиците од клиентелизмот, криминалите и расипничкото однесување да ги трпат нашите деца. Ќе се бориме за секој денар. Ќе се бориме за сите граѓани, за иднината на Македонија.

Или Груевски или Македонија.

Нашиот избор е Македонија.

 

Скопје, 14.07.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести