Соопштение за јавност
Претседателката на Комисијата за европски прашања на СДСМ и пратеничка Лидија Димова учествува на конференција “Глобална стратегија на Европската унија за надворешна и безбедносна политика и Западен Балкан” којашто се одржува во Белград, Србија, во организација на Центарот за меѓународни и безбедности работи (ISAC).
Димова денеска се сретна со Натали Точи, специјална советничка за надворешна стратегија и безбедносна политика на високата претставничка на Европската унија и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини.
На средбата се разменија мислења за повторно обновување на реформските процеси во Македонија и враќање на земјава на евро интегративниот пат.
Македонија за жал заостанува зад земјите од Западен Балкан.
Во изминатите 10 години земјава не направи ниту еден исчекор кон Европската унија а погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ, гушењето демократијата, слободата, човековите права и опструкциите на правото и правната држава дополнително ја оддалечија земјава од европските вредности.
Во рамки на Конфернецијата Димова ќе учествува на панел дискусија за промените што европската глобална стратегија ќе ги донесе по Брегзит и што тоа ќе значи за Западен Балкан.