fbpx

Миновски покажува непознавање на законската процедура за еврообврзница

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Министерството за финансии денеска повторно објави ново соопштение како реакција на вчерашната прес конференција на СДСМ за еврообврзницата. Речиси идентичното соопштение на Министерството за финансии е со само една корекција којашто се однесува на Државната комисија за хартии од вредност.

Со ова соопштение Министерството за финансии покажува дека новиот министер Миновски не ја знае процедурата за издавање на Еврообврзница, тој бара алиби и сочусеници во другите институции за ова финансиско злосторство.

Дали претседателката на комисијата за хартии од вредност, г-ѓа Чингаровска, го искара Миноски за молчкум да се корегира “техничката грешка” од која МИА веќе се огради?

Доколку вчерашното соопштение на Министерството за финансии имаше технички пропуст, прес службата на Министерството за финансии во истиот ден ќе го исправеше пропустот.

Суштината е во незаконските, криминални одлуки коишто ќе паднат врз грбот на идните генерации.

Ставрески го напушти веќе бродот што тоне. Богов срамежливо почна да се оградува од лудилото на задолжување изјавувајќи дека уште од 2012 година укажувал на потребата за фискална консолидација и стабилизација на јавниот долг.

Миноски покажува дека не ги познава ниту основните закони кои го уредуваат начинот и условите на издавање и тргување со хартии од вредност, управувањето со јавен долг, постапката и начините на задолжување, што е во домен на надлежностите на Министерството за финансии.

Член 29 од Законот за Хартии од вредност е дециден дека за издавање или гарантирање на хартии од вредност од страна на Република Македонија, не е предвидено одобрение од Комисијата за хартии од вредност.

Единствениот начин на којшто може да се протолкува непознавањето на законската регулатива, е намерата истата да не се почитува.

Скопје, 10.07.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести