fbpx

Градоначалникот Минов да одговори за која сума на пари е оштетен буџетот на Општина Карбинци?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција,
Јордан Насев, претседател на ОО СДСМ Карбинци
Карбинци, 06.07.2016 година

Почитувани,

Во Општина Карбинци индустриска зона (УПВНМ ТАРИНЦИ) со вкупна површина од 123879 м2 почнува да добива нови сопственици.

Во ова зона работи објект-бензинска пумпа на 3133 м2 и бетонска база за производство на бетон на 7013м2.

Гадоначалникот на општина Карбинци од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Минов, да одговори, како еден дел од 26399 м2 од ова индустриска зона доби нови сопственици?

Како земјоделско земјиште во приватна сопственост се пренаменува и уредува во градежно неизградено земјиште со јавни пари од буџетот на Општина Карбинци?

Дополнително, за која сума на пари е оштетен буџетот на Општина Карбинци?

Градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Минов, исто така, е должен да одговори кои се новите сопственици на ова градежното неизградено земјиште и на кој начин го имаат добиено истото?

Колку средства се потрошени за урбанизација на зоната и колку средства се потрошени за нејзина изградба и уредување?

Дали парите се од продажба на градежното земјиште или пак се од буџетот на Општина Карбинци?

Дали при изградбата на објектите во зоната се почитува законот за градба односно дали објектите поседуваат уредни дозволи за градба и ги имаат добиено сите согласност за работа?

Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е должна да одговори на жителите на Карбинци.

На самоволието на ВМРО-ДПМНЕ мора да му дојде крај. Промените доаѓаат и приоритет на новата влада предводена од СДСМ ќе бидат потребите на граѓаните од сите општини на Р. Македонија.

Последни вести