fbpx

Ујдурмата на кумовите за новото задолжување да ја открие гувернерот Богов

Facebook
Twitter
LinkedIn

Никола Груевски ја призна информацијата што ја објави СДСМ, дека е ставен потпис за ново задолжување на Македонија на домашниот пазар.

Својствено за Груевски, тој се скри зад Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и не им одговори на граѓаните кој е кумот на неговиот налог за ново задолжување.

Задолжувањето е објавено во ден кога оставката на Ставрески е веќе депонирана, а новиот министер се уште официјално не беше избран во Собранието.

Дали Ставрески заминал од министерската фотелја во стилот во којшто 10 години верно работеше за фамилијата, оставајќи зад себе потпис на ново задолжување што ќе го спроведе неговиот наследник?

Дали Ставрески го овластил заменикот во Министерството за финансии да стави потпис на новото задолжување за коешто знаел пред да замине?

Груевски си дозволи да зборува за државна тајна, иако задолжување со еврообврзница е нешто за што се одлучува на затворена седница на Владата.

Можеби лично Груевски отишол и во Министерството за финансии да ги потпише проспектите за аукцијата закажана за 21.06.2016 со коишто државата и граѓаните повторно се задолжуваат.

Се работи за редовна аукција согласно објавениот календар на аукции, но за секоја аукција посебно, со одлука потпишана од министерот за финансии се одредуваат висината на задолжувањето, каматата и роковите.

Новиот министер за финансии не собра храброст да им признае на граѓаните со чиј потпис за 4 дена ќе бидат повторно задолжени.

Од Министерството за финансии изгледа мора да молчат.

Бидејќи кумовите Груевски и Ставрески кријат, а недозволиво за државни пари крие и Министерството за финансии, гувернерот Богов, како овластен агент за аукциите на домашниот пазар е должен да ја открие кумската ујдурма.

Со чиј потпис Димитар Богов ги добил проспектите што се објавени и на веб страната на Народната банка?!

 

17.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести