Каја Шукова и кандидатите за советници ја презентираа програмата пред жителите на Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Каја Шукова и кандидатите за советници ја презентираа програмата пред жителите на Скопје

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, заедно со кандидатите за советници, денеска ја презентираа предизборната програма и разговараа со жителите на главниот град.

Во непосредна комуникација со граѓаните, Шукова ги претстави клучните приоритети од програмата враќање на функционалноста на градските системи, намалување на загадувањето, модернизација на јавниот превоз и подобрување на услугите што граѓаните ги добиваат од градот.

„Скопјани заслужуваат град што функционира, чист воздух, редовно собирање отпад, ефикасен превоз и вистинска грижа за секој дел од градот,“ изјави Шукова, нагласувајќи дека програмата на СДСМ нуди реални и брзи решенија кои можат веднаш да се спроведат.

Граѓаните изразија интерес за предложените мерки, особено за проектите што се однесуваат на зелените зони, јавниот превоз и подобрување на инфраструктурата.

„Овие средби се најдобар начин да ги чуеме граѓаните и заедно да го вратиме Скопје на вистинскиот пат,“ порача Шукова.