Соопштение за јавност
Членот на Извршниот Одбор на СДСМ, Едмонд Адеми, во Брдо при Крањ, Република Словенија, ја доби почесната титула Амбасадор на Знаењето („Ambassador of Knowledge“) којашто ја доделува Академскиот Економскиот Конгрес во соработка со „Life Learning Academia“.
Академскиот Економскиот Конгрес е еден од водечките меѓународни настани во регионот како успешна платформа за дијалог на високо ниво помеѓу лидерите во приватниот и јавниот сектор на многу клучни прашања со кои се соочуваат Европа и светот во 21 век.
Признанието на Адеми му беше доделено од страна на Министерот во Словенечката влада, Здравко Почивалшек.
Оваа награда претставува значајно признание за јавната и политичката дејност на Адеми и несомнено е потврда за квалитетот на професионалната работа но и за стручноста на кадрите од СДСМ.