fbpx

Кумовите во својот финиш буричкаат по нови милиони, но ништо не е веќе исто

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Зоран Ставрески е должен да одговори дали со Груевски подготвува ново мега задолжување на граѓаните на Македонија преку издавање нова еврообврзница од неколку стотици милиони евра?!

Ставрески веќе една недела не дава одговор на прашањето на СДСМ.

Во меѓувреме, странски агенции јавуваат дека власта на Груевски сепак посега по нова еврообврзница.

Минатата недела Хрватска не можеше да ја издаде еврообврзницата за нови задолжувања, токму заради политичка криза.

Дали кумската двојка во Македонија испитува пулс и се надева на нов милионски ќар за фамилијата токму во политичката криза што ја одолговлекуваат за лични интереси?

Минатата година дополнителниот заменик министер од СДСМ во техничката Влада, Кире Наумов, спречи Ставрески и Груевски да ги задолжат граѓаните со 500 милиони евра.

Кумовите лани само на овој начин ги задолжија граѓаните на Македонија 270 милиони евра на овој начин.

Преклани, Ставрески и Груевски, кога немаше кој да ги спречи, преку еврообврзница ги задолжија граѓаните 500 милиони евра.

Очигледно во зенитот на политичкиот крах фамилијата се обидува да искористи прилика да приграби нови милиони евра, свесни дека следен чекор е повлекување и на еднострана одлука за поништување на Владата што ќе ги организира и спроведе изборите.

Она што Груевски не може или не сака да го разбере е дека ништо повеќе не е исто за него и неговите соработници.

Правдата се враќа на голема врата во Македонија, а по следните регуларни избори Никола Груевски и соработниците ќе мора да им вратат на граѓаните се што им зедоа.

 

Скопје, 07.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести