Филипче од Радовиш: ДПМНЕ ги третира општините како гранапчиња за партиски бизниси

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„За четири години ВМРО-ДПМНЕ општините си ги присвоија како нивни лични гранапчиња за бизнис, а на централно ниво државата ја вратија 100 чекори назад”, истакна Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Радовиш, потенцирајќи дека тоа веќе не смее да продолжи и дека е време Радовиш да го водат луѓе со план, одговорност и визија.

Тој порача дека СДСМ секогаш ја бранеше државата како дом за сите, не како лична сопственост на некои.

„Денес, кога државата се соочува со политички поделби, со лажна реторика и манипулации, нашата борба е за враќање на достоинството, правдата и вербата во институциите”, нагласи д-р Филипче.

Лидерот на СДСМ во своето обраќање истакна дека она што ги разликува социјалдемократите од ВМРО-ДПМНЕ е системот на вредности врз кој се темели нивната политика, затоа СДСМ секогаш била со граѓаните и вистински се грижела за нивните интереси и за иднината на државата.

„Она што нас социјалдемократите не прави различни од ВМРО-ДПМНЕ, посебни и вредни како луѓе се единството, солидарноста, праведноста и подадената рака. И само ако се водиме од овие принципи, ќе успееме во нашата борба за нашиот дом, во борбата да ја вратиме државата на вистинскиот пат, да имаме општество во кое сите ќе имаат еднакви шанси и можности, но и обврски”, порача д-р Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом“, која се одржа вечерва во Радовиш.